Skip to main content

Битисувањето на охридските пензионери преточено во монографија

Пензионерите од Охрид и Дебрца заедно со нивните пријатели од збратимените градови го одбележаа Денот на пензионерите.

 |  Мишел Наумоски  | 
den na penzioneri
ден на пензионери

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес го одбележа својот ден. Денот на пензионерите кој традиционално се одбележува на 20 Септември тие одлучиле да го поместат за денес поради поканетите гости. А гости имаа од сите свои збратимени градови како од земјата така и од соседните држави.

oro penzioneri„Ние секоја година по повод 20 Септември Денот на пензионерите организираме ваква свеченост како денешната. Од година во година мислам дека е се поорганизирана нашата прослава и со мног голем број на посетители. Многу ме радува тоа што беше преполна салата во Домот на култура, а уште посреќни сме што од нашите збратимени градови беа присутни пензионери, а исто и од соседството бидејќи ние сме збратимени со пензионерите од Врање-Р.Србија, Поградец-Р.Албанија и Стара Загора-Р.Бугарија.“-вели Маринела Јовановиќ-Претседател на Собранието на Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца.

Прославата на Денот на пензионерите беше збогатена со културно-уметничка програма, а покрај тоа, претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, ја промовираше и монографијата „Охридските пензионери низ времето“. Податоците во оваа монографија, Трпчески ги собирал заедно со своите соработници, а за таа цел истражувале и во Историскиот архив во Охрид.

proslava den na penzioneri„Во неа се поместени доста работи и ќе слушнат, и ќе останат трајно дело за оваа популација, бидејќи ако ние самите не се организираме и ако не направиме тогаш кој друг ќе го стори тоа? Затоа јас се потрудив да издадеме едно вакво издание кое еве со слика и со материјалот прикажан, мислам дека ќе бидат задоволни читателите, а и ќе се потсетат помладите генерации, бидејќи мислиме да оставиме нешто и за нив, да видат како нивните родители, татковци и дедовци функционирале во едно поинакво време, во претходниот период, а и во денешниве денови откако се осамостои Македонија.“-вели претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.

Инаку во оваа монографија во најголем дел е опфатен периодот по осамостојувањето на Македонија, а на нејзиното составување тие работеле цела година. Дури за да ги соберат дел од фотографиите, тие морале да одат од куќа до куќа. Изразија надеж дека нивниот труд навистина ќе им послужи на идните генерации.

{loadposition content9}