Skip to main content

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Инженерот-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски својот научен труд за предизвиците во заштитата на ендемичната охридска пастрмка го спакува во едно стручно книжевно издание.

 |  Мишел Наумоски  | 
knigi pastrmka

Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов.

promocija kniga naumoski„Мислам дека и понатаму е во криза затоа што се работи со високите пловечките мрежи кои се воведоа во 86-87 година, се наруши симбиозата помеѓу пастрмката и плашицата и после со нивното користење се повлече пастрмката во длабината на езерото, и место да биде предатор, да ја јаде плашицата таа си посегна да си го јаде својот подмладок што значи појава на канибализам, природен процес, пастрмката да си ги јаде помалите риби бидејќи има потреба од висококалорични протеини и беловини за создавање на репродуктивни органи, односно икра. Сега посегна да си го јаде својот подмладок што претставува една голема еколошка катастрофа и голема загуба за охридската ендемична пастрмка.“-вели авторот, Лазо Наумоски.

Наумоски вели дека книгата ќе биде достапна и за младите и за сите граѓани, а претставува и една убава основа за почеток на прекугранична соработка со Албанија во насока на едуцирање на граѓаните и стабилизирање на рибниот фонд на пастрмката во Охридското Езеро.

bitka za spas na ohridskata pastrmka„Книгава опфаќа пет поглавја, се работи за ситуацијата со пастрмката пред да се воведат високите пловечки мрежи, ситуацијата на рибниот фонд со воведувањето на високите мрежи, и борба за зачувување, за спас на охридската пастрмка и едно последно поглавје отворање нов правец во развојот и економските потенцијали на салмонидите риби во Охридското Езеро што мислам дека предизвикува поголем интерес, сакам Охридското Езеро да биде матичњак за добивање на рибин подмладок.“-рече Наумоски.

Рецензент на книгата е д-р Орхидеја Тасевска од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Според неа книгата на Наумоски ќе остане како сведоштво за една искрена борба за спас на еден ендемичен вид од Охридското Езеро. Промоцијата на ова стручно дело ја проследија екологисти, стручни лица и граѓани.