Skip to main content

Напад врз жена

Битолчанец ја нападнал поранешната сопруга во Охрид

51-годишен битолчанец физички ја нападнал поранешната сопруга во стан во Охрид и извршил оштетување на дел од покуќнината. Тој веќе имал судско решение со кое му се забранува да ја малтретира, вознемирува, телефонира или на кој било начин да комуницира со неа.
 |  инфодеск  | 
Семејно насилство

На 14.06.2022 година во 21:50 часот во СВР Охрид, од слобода лишен е Б.Л.(51) од битолското село Ивањевци.

Тој, претходно во стан во Охрид, физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и извршил оштетување на дел од покуќнината со што постапил спротивно на судското решение со кое му се забранува да ја малтретира, вознемирува, телефонира или на кој било начин да комуницира со поранешната сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.