Пронајдена дрога
Битолчанец приведен во Охрид
Приведен 23-годишен битолчанец во Охрид. Кај него е пронајдена бела прашкаста материја, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
На 29.12.2022 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.
При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


