Skip to main content

Кривична пријава

Битолчанец вршел јавен превоз без лиценца во Охрид

Кривична пријава за битолчанец кој на бул. „Туристичка“ вршел јавен превоз на патници, а не поседувал соодветна лиценца за вршење превоз.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

На 11.01.2023 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(28) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“ по чл.284-а ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, на 19.12.2022 на бул. „Туристичка“ пријавениот е затекнат со патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, негова сопственост, како врши јавен превоз на патници, а при тоа не поседувал соодветна лиценца за вршење превоз – се вели во соопштението на СВР Охрид.