Skip to main content

Локална самоуправа

Бизнис поврзување на Западен Балкан

Остварена работна средба на охридскиот градоначалник со претставници од Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум. Разгледувани можностите за добивање заеднички проекти и бизнис соработки меѓу земјите од Западен Балкан. Заеднички интерес на бизнис компаниите од овој регион е да се олеснат инвестициските процеси.
 |  Валентина Неловска  | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, им ги презентира на членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум можностите којшто ги има градот, капацитетот и инфраструктурата на големите компании каде што може да се инвестира. Општината ќе работи  на зајакнување на соработката  со компании од шест земји од Западен Балкан којшто имаат свои претставници во  Коморскиот Инвестициски Форум. Целта е да зајакне охридското стопанство, информираше по работната средба градоначалникот Пецков.

Комсорски инвестициски форум

Како општина се ставаме на располагање на олеснување на процесот за инвестирање на заинтересираните бизнисмени. Исто така, ќе соработуваме на можнсоти за добивање заеднички проекти, во којшто што инвестицискиот форум има голем успех. Општина Охрид е збратимена со градови од овие шест земји и би можеле заедно да учествуваме во добивање на некој проект, во било која форма, обуки на кадри или отворање на нови бизниси“, подвлече Пецаков.

Коморскиот инвестициски форум финансира проекти којшто се од директен интерес на приватниот сектор. Еден таков успешен проект се реализира во Охрид . Се воведе дуален систем во образовниот, средношколски, стручен центар „Св. Наум Охридски“ со три компании, ЛТХ Леарница, ОДВ и Костал, напомена Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум. За да придонесат за подобра комуникација меѓу приватниот сектор ќе покренат бизнис иницијативи. Заедно со Локалните самоуправи ќе учествуваат во проекти коjшто ќе се организираат на територија на најмалку три држави и повеќе, истакна Азески.

Крајна цел е да исчезнат границите, да се отвори протокот на стока, услуги и капитал меѓу државите. Работната рака да циркулира како што тоа се прави на Запад, да нема на границите долги редици на камиони. Планираме, да воведеме заедничка авиолинија меѓу шестте држави по принципот на САС од Нордиските земји, потоа заедничко кредитно биро и арбитража којшто ќе помногнат за развој на компаниите“, кажа Азески.

Коморскиот инвестициски форум e основан во 2015 година, а активно почна да функционира од 2017 година. Во овој форум членови се Стопанските комори од Македонија, Србија, БИХ, Косово, Црна Гора и Албанија.