Skip to main content

Студенчишкото блато, нова туристичка понуда


Студенчишкото блато со своето богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува од октомври.

 |  Јаковлева Лионела  | 
blato
блато

 

На повидок е нова туристичка понуда на Охрид. Студенчишкото блато  кое претставува своевидна реткост и богатство на ендемичен жив свет ќе биде новата атракција со која ќе се привлекуваат гости во градов. Неговата ревитализација започнува на почетокот на Октомври кога ќе се постават границите на блатото и ќе започнат градежните работи. Ќе се прават патеки од природен материјал со што блатото ќе се поврзи со езерото во онаа природна конекција што веќе ја има, вели Дејан Пановски од билатералниот секретарјат за заштита на езерото.dejan panovski


Планирано е во овој природен резерват да бидат изградени и набљудувачници од каде туристите, но и научниците ќе може да ги набљудуват птиците и останатиот жив свет кој егзистира во Студенчишкото блато. За одржувањето на сето тоа ќе биде задолжена Локалната самоуправа.


Пановски вели дека природните граници на Студенчишкото блато се протегаат дури до Горица прва, но кога ќе се поставуваат истите ќе се земе во предвид и приватната сопственост. Се она што е државно земјиште ќе биде во рамките на блатото и во тој потег не ќе може да се вршат никакви градежни зафати од типот на градење згради или други стамбени објекти, објаснува Паноски.

Сите зафати околу Студенчишкото блато треба да завршат за три години а од германската влада за тоа се издвоени околу 180 000 евра.

{loadposition content9}