Фото клуб Охрид ги поканува сите вљубеници во добрата фотографија, на изложбата „Блиски Средби Охрид 2022“. Oтвaрањето е на 30-ти јуни, во 19 часот, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 на 70 см – информираат од Центарот за култура.