Фото клуб
Блиски средби Охрид 2022
Во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ на 30-ти јуни со почеток во 19 часот ќе се одржи изложбата „Блиски средби Охрид 2022“.
Фото клуб Охрид ги поканува сите вљубеници во добрата фотографија, на изложбата „Блиски Средби Охрид 2022“. Oтвaрањето е на 30-ти јуни, во 19 часот, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 на 70 см – информираат од Центарот за култура.


