Skip to main content

Блокади на патот Охрид-Битола ако жителите на планинските охридски села не добијат струја за 24 часа

Денес тие со протест го искажаа својот револт пред Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Охрид, бидејќи веќе 6 дена се без струја на екстремно ниски температури. Од компанијата пак ја признаваат одговорноста, но апелираат за смиреност бидејќи велат дека нивните екипи постојано се на терен.

 |  Мишел Наумоски  | 
protest
протест

Сакаме струја, сакаме струја, сакаме струја…Вака денес го искажаа својот револт жителите од планинските охридски села Куратица, Свиништа, Расино, како и оние од Ливоишта и Вапила бидејќи веќе шести ден на екстремно ниски температури преживуваат без струја. Со транспаренти во рацете денес тие протестираа пред корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија барајќи повторно воспоставување на електрично напојување на овие критични места. Претставници од овие села, се сретнаа со раководителот на подружницата на ЕВН Македонија во Охрид.

protest struja„Дадено ни е ветување дека во наредните 24 часа екипите максимално ќе работат на терен. Самите ги видовме, со санки и скутери се во Куратица и далеководот кај Прентов мост. Очекуваме дека во наредните 24 часа ќе ја добиеме струјата. Доколку не ја добиеме во наредните 24 часа, протестот ќе продолжи, ќе го блокираме 2 часа главниот пат што води за Битола кај Прентов мост. Ќе активираме адвокати, не застануваме тука, ќе има тужби, сигурно дека ќе има тужби.“-вели претседателот на М.З Куратица, Горан Ангелоски.

Жителите на Куратица револтирано велат дека не бараат струја за место каде никој не живее, туку за регион во кој има население кои таму активно живее.

protest EVN„Ние имаме триста фамилии кои редовно таму живееме. Егзистенцијата ни е таму и ние во овие две недели, во овие празници да не остават без светло, јас можам само да го наречам тоа незаангажираност. Тие дошле во овие краеви да го зголемат капиталот, а не нас да ни помогнат. Односно не треба да ни помогнат, туку само да си ја вршат својата должност и редовно да не снабдуваат со струја. Ние не бараме ништо да ни дадат бадијала, ниту да не почестат, ама две недели да останеме без струја, мислам дека тоа е една ароганција на една компанија, ништо друго.“-рече Веле Мицкоски-жител на с.Куратица.

Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски во телефонски разговор не информираше дека нивните екипи интензивно работат на воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија токму на овие критични места.

„Во овие населени места, нашата одговорност е несомнена, затоа и работиме постојано на терен. Нашите dalekovodi EVNелектромонтери верувајте, ги жртвуваат своите животи на минус 15, 16 и повеќе степени при виулици, да се оди длабоко и во шумскиот предел за да се види каде се дефектите, навистина е жртвување  на своите животи. Постојано се на терен, работат за да ги оспособиме токму вашите критични места. Ние ќе бидиме со нашите корисници од овие места, денес сме засилени со екипа со санки од МВР, одиме со полицијата заедно на терен и многу полесно ги поминуваме деловите каде далеководите се буквално уништени.“-изјави Ковачевски.

Сепак и покрај апелите за смиреност и најавите за продолжување на протестите, останува фактот дека додека не добијат овие населени места повторно напојување, нивните жители се на милост и немилост на временските прилики.

{loadposition content9}