Автопат Кичево-Охрид
Бочварски: Ја вративме делницата Подмоље – Охрид за сообраќај и пред рокот
Се што правиме е со цел развој на Охридскот регион и туризмот во Охрид, потенцира министерот и додава дека продолжуваат со силно темпо работите и на останатите делови од автопатската делница Кичево- Охрид.
Делницата Подмоље – Охрид ја вративме за сообраќај денес за сите возила и пред рокот 10 јули што го ветивме со директорот на ЈП за државни патишта Рустеми, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на завршувањето на градежните работи на тој потег од автопатската делница.
„Од денеска сите граѓани, туристи, и сите што ја користат оваа делница ќе можат да возат по главната траса за побезбеден сообраќај.“ – напиша министерот во објавата на фејсбук