СВР Охрид утре ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар”

Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција
Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.
Oд СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници







