Skip to main content

Дебарско-кичевската епархија Охрид

Богослужби за празникот Св Еразмо Охридски Чудотворец

Соопштение по повод празникот на светиот Еразмо Охридски Чудотворец, а поради променетиот пристап до манастирот „Св. Еразмо Охридски“.
 |  инфодеск  | 
Манастир Св Еразмо Охридски

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува верниците дека за време на претстојниот празник на светиот Свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој голем светител, и тоа:

  • На 14 јуни 2023 год. во 19.00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.
  • На 15 јуни 2023 година, во 07.45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки н Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 09.00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.15 часот.

Имајќи предвид дека регуларниот пат од Охрид до манастирот Св. Еразмо Охридски моментално е во прекин поради изведување градежни работи на истиот, а во консултација со надлежните служби, од Дебарско-кичевската епархија известуваат дека приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље па кон манастирот Св. Еразмо Охридски.