Бојан Трајковски се подготвува за Израел
Бојан Трајкоски од Охрид ученик во четврта година, го освои првото место на Битолскиот хакатон – Биталон. Тој доби награда, турнеја низ Израел. Трајкоски и неговиот тим, со информатички алатки, на свој начин ја прераскажаа приказната за македонските Евреи, со креирање на виртуелен музеј.
Младиот и перспективен охриѓаниец Бојан Трајкоски ја раскажа приказната за старата еврејска заедница на Балканот преку проектот Музеј на еврејските гробишта. Тој учествуваше на првиот хакатон во Битола, односно на форумот за програмери, на којшто специјалисти од различни области на развој на софтвер, програмери, дизајнери, менаџери, работат заедно за да решат некој проблем. Трајкоски за ТВМ вели дека често оди на хакатони, натпревари, маратони за кодирање во Скопје и Битола, па така ја прифатил понудата на Ем три ди ес студиото за учество на Биталон.
„Ние имавеме изработено виртуеклен музеј, ни беше дадена датотека за еврејските гробишта, најстарите гробишта на Балканот кои што се во Битола. Ние одлучивме да направиме виртуелен музеј да земеме што има во гробиштата да ставиме во наш виртуелен простор“ .
Тимот на Трајковски го освои првото место со што добија можност да бидат дел од турнејата низ Израел, со посета на Ерусалим, Тел Авив, средба со водечките технолошки компании, акцелератори и лидери и посета на културно наследство и туристички локалитети како кулата на Музејот на Давид, Цезареа и многу повеќе. Тоа за младиот Трајкоски, значи многу.
„Пред се јас сакам да покажам колку знам да програмирам и одам на вакви хакатои кои што траат и по 24 часа , 48 часа чисто за забава и учење, ме испирира програмирањето, дизајнот дружбата и се. 02:52 + 04:33 Се гледам тука како програмер информатичар“.
Првиот хакатон во Битола, односно на форумот за програмери, е во организација на Израелското министерство за надворешни работи и Министерството за информатичко општество во Македонија. Замислата е да се креираат апликации, веб страни, интерактивни 2D или 3D мапи, анимации и сл. за Еврејската заедница и наследството што таа го има оставено во регионот на Битола.