Skip to main content

Болницата „Св. Еразмо“ доби нова опрема – видео сет за интубација

ЈЗУ „Св. Еразмо“ доби донација од Центарот за развој на Југозападен плански регион.
 |  инфодеск  | 

Центарот за развој на Југозападен плански регион на ЈЗУ специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физкална терапија во болницата Св. Еразмо“ ја донираше опремата – видео сет за интубација.

– Преку ова опрема, ЈЗУ „Св. Еразмо“ од Охрид ќе има подобра визуелизација и поголема прецизност. Видео сетот овозможува јасен и зголемен приказ на дишните патишта, што значително ја зголемува точноста при поставувањето на ендотрахеалниот тубус. Ќе се зголеми и безбедноста на пациентите, со минимизирање на ризикот од повреди и компликации, видео сетот помага во заштита на пациентите, особено кај оние со тешки анатомски предизвици. Ќе се добие и побрза и поефикасна интубација, во итни ситуации секоја секунда е важна. Видео сетот овозможува побрзо поставување на тубусот, што е клучно во критични моменти, информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Проектот е имплементиран од Центарот за развој на ЈЗПР, додека финансиран преку Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација/Швајцарска агенција за развој и соработка во вредност од 1.852.364 денари.