Борбата за спас на малиот Кирил продолжува
На уличниот хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари.
На уличниот хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари.
Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови, привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил.
Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани, ги покануваме нашите сограѓани да учествуваат во хуманитарните настани за помош на Кирил,кои следат: на 1 март во кафе бар Ликвид и на 2 март во Центарот за култура „Григор Прличев“.