Skip to main content

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ

Се пролонгира најавенаат изградба на ботаничката градина на ФТУ. Реализацијата на проектот доцни од административни причини, вели деканот. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун па  заедничкиот технички секретарјат е во фаза на ревизија на сите проекти и нивните буџети, објаснува тој.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ftu
фту

Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да  започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.ftu

Реализацијата на проектот доцни од административни причини бидејќи заедничкиот технички секретарјат е во фаза на ревизија на сите проекти и нивните буџети и кога тие ревизии што не се само за нас  туку за цела Македонија ќе завршат следува формалното потпишување, вели Д-р Коруновски.

Градината треба да биде лоцирана позади факултетот и ќе биде застаклена. Во неа планирано е да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство. зеленчук Целта е да се користат домашно одгледани производи и на секој гостин да му се приреди посебно доживување. Интересно е што гостите ќе можат да се прошетаат низ ботаничката градина, да си изберат што сакаат и тоа да им биде зготвено. Ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Во градината ќе има и фонтана која ќе биде украс, но ќе служи и за наводнување на растенијата.
Изјава

Таа градина ќе биде една атракција во градот Охрид. Ние ќе сме лидери во оваа област во државава, а вака функционираат најеминентните институции за гастрономија во светот, вели деканот на ФТУ.

Покрај ботаничката градина и реализацијата на овој проект имаме уште една преокупација, кажува деканот. Кујнската опремата вредна околу 40 000евра која веќе ја имаме набавено, во овој есенски период треба да ја наместиме и од напролет веќе да ја ставиме во функција. Тоа ќе е од голема корист за студентите бидејќи тие максимално ќе се обучат во современата кујна, а по завршувањето на школувањето бизнис заедницата ќе добие готов стручен кадар. Коруновски објаснува дека доаѓа времето кога гастрономијата ќе биде високо ценета професија. „Заврши времето на обични скараџии и готвачи, вели деканот. Сега е време на добри гастрономи кои ќе ги пратат современите светски трендови во туризмот“, додава тој.

{loadposition content9}