Skip to main content

На ФТУ ќе се гради ботаничка градина

Ботаничка градина во Охрид. На факултетот за туризам и угостителство ќе се реализира овој интересен и сложен проект. Во таа ботаничка градина планирано е да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство.

 |  Јаковлева Лионела  | 
gradina
градина

На ФТУ ќе се гради ботаничка градина. Ова е дел од проектот во кој учествуваат  четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.

Во таа ботаничка градина планираме да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство. На тој начин сакаме да бидеме лидери и на самите угостители од  градов да им покажеме како треба да се работи, вели Проф. Д-р Ангела Василевска-од ФТУ Охрид.градина

При една анализа која ја направивме низ нашите ресторани и хотели увидовме дека најголем дел од продуктите кои се користат за готвење се набавуваат од Скопје и од странство, а тоа не е добро за нашата локална економија, вели Василевска. Целта  е да се користат домашно одгледани производи и на секој гостин  да му се приреди посебно доживување. Интересно е што гостите ќе можат да се прошетаат низ ботаничката градина, да си изберат што сакаат и тоа да им биде зготвено.  Ќе се користат одржливи извори на енергија коко што е сонцето, а со тоа ќе се оди на енергетска заштеда. Во градината ќе има и фонтана која ќе биде украс но ќе служи и за наводнување на растенијата. Градината ќе биде лоцирана позади факултетот и ќе биде застаклена.

Прво мислевме да биде градината од отворен тип и да биде поставена на влезот од факултетот но тука се наоѓаат читалната и библиотеката па некако просторот не беше соодветен. Со новата локација ќе се направи едно поврзување со кујната и бифето па ќе се добие една комплексна целина, вели Василевска.

Овој комплексен проект треба да биде завршен за  15 месеци, а постапката за распишување на тендер започнува веднаш после изборите, вели Василевска.

{loadposition content9}