Skip to main content

Божиноски: Вработените во градинките на удар на СДСМ

После отказните честитки на наставниците и полициските службеници за Нова година, нови честитки, овој пат за 8 Март, пристигнаа од СДСМ, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека нејасно е како кога има дефицит на кадар во јавните установи за згрижување на деца, да се бркаат вработени без никакви основи.

 |  Николоска Биљана  | 

4 негувателки и 1 воспитувач од детската градинка „Јасна Ристеска“ се избркани од работа без никакви основи, на понижувачки и нечовечки начин, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски, вели дека продолжуваат безидејните политики на партиски вработувања и реваншизам на СДСМ така што сега на удар се вработените во градинките.

По наставниците и полициските службеници, сега на удар се вработените во градинките. Зарем ова е животот кој го донесе СДСМ? Играње со човечки судбини преку давање отказни честитки најпрво за Нова година, сега за 8 Март. Зарем вака изгледа еден нормален работен ден во кој се соопштуваа дека од наредниот ден не си повеќе на работа“.

Божиноски пренесе дека СДСМ кога помпезно го промовирала проектот за втора смена во градинките, соопштила дека има недостаток од 2.000 лица во јавните установи за згрижување деца. Оттука тој прашува: Зошто при недостаток на кадар се бркаат луѓе со работно искуство?

„Паѓаат во вода и неодамнешните изјави на министерката Мила Царовска според кои 226 работни места во детските градинки на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се трансформираат на неопределено време. Лицемерието на оваа власт е очигледно. Има реална потреба од загриженост кај родителите на дечињата. Дали испразнетите места ќе бидат пополнети со партиски подобни членови без ден искуство и работа во образовни институции“?

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа веднаш да им бидат продолжени договорите на негувателките и да им се трансформира работниот однос на неопредлено време.