Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески
Во овие празнични моменти, со посебно задоволство, на сите православни верници од Охрид, од мое лично име и од името на локалната самоуправа им го честитам големиот христијански празник Христово раѓање- Божиќ.
Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна хармонија, мир, разбирање и солидарност.
Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам Божиќниот дух со мир и топлина да го исполни секој наш дом, здравје и благосостојба да не следат низ целата година, а личната среќа и успех да бидат дел од просперитетот на целата заедница.
Нека е честит и благословен големиот христијански празник- Божиќ.
ХРИСТОС СЕ РОДИ !!!
{loadposition content9}