Skip to main content

Прес конференција ОК Вмро Дпмне

Божиноски: Промена на Уставот нема да има

Власта го криеше протоколот од договорот со Бугарија во кој сепак скандалозниот Договор со Бугарија, историјата и идентитетските прашања како најболни за Македонија се дел од Преговарачката рамка, кажа денеска портпаролот на охридскиот огранок на партијата, Перчо Божиноски.
 |  Валентина Неловска  | 

Македонија ги преживеала сите понижувања и неправди низ историјата, за сега во 21 век од страна на ненародната Власт се отворат средновековни прашања и теми за идентитетот, историјата и јазикот, рече на денешната прес конференција Перчо Божиноски, портпарол на ОК на Вмро Дпмне. Маските им паднаа, бесрамно го криеја Протоколот во кој сепак скандалозниот Договор со Бугарија, историјата и идентитетските прашања како најболни за Македонија се дел од Преговарачката рамка, рече Божиноски.

Пратениците на СДСМ од Охрид, недостојни ниту име да им се спомене, по диктат на Ковачевски докажаа дека Македонија воопшто не им е поважна од партиската наредба околу поддршка на катастрофалниот Предлог на француското претседателство со Советот на ЕУ. За предавниците и изродите е нормално тоа што по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања“, кажа Божиноски.

Охриѓани треба да знаат дека истите тие се согласиле за прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение на тема Самуилова држава. Се согласиле дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик според едностраната Декларација на Бугарија, подвлече Божиноски.

„ Ќе им припадне ли честа на двајцата ненародни пратеници од СДСМ од Охрид да ги постават натписите на Самуиловата тврдина, спомениците на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент Охридски и свети Наум Охридски дека се дел од бугарската историја? Ако ги штитат македонските национални интереси наместо предавство нека побараат признавање на Македонците и извинување од Бугарија кон сите потомци за злосторствата и репресиите на бугарскиот фашистички окупатор на македонска територија“, кажа Божиноски.

Промена на Уставот нема да има, време е кога гласно треба да се каже НЕ за антимакедонска Влада која мора што поскоро да падне, порача Перчо Божиноски, портпаролот на Вмро Дпмне на денешната прес конференција.