Skip to main content

Туризам

Брачен пар од Холандија десет години по ред годишниот одмор го поминува во Охрид

Брачен пар од Холандија вистински вњубеници во Охрид. Холанѓаните се едни од најредовните и најбројните туристи на брегот на Охридското Езеро.Туризмот се врати на старите патеки, според статистиката бројот на странски туристи бележи пораст од 46,8 %.
 |  инфодеск  | 

Брачен пар од Холандија една деценија летува на брегот на Охридското Езеро. Тие се вистински вљубеници во Охрид. Покрај природата, културното богатство, најмногу им се допаѓа вкусната македонска храна и гостопримливоста на луѓето.

„Многу ни е убаво, па еве годинава е десетти пат како доаѓаме на одмор во Охрид. Луѓето , најмногу ни се допаѓаат бидејќи се многу фини и пријателски расположени и токму затоа доаѓаме”, вели гостин од Холандија.

Неговата сопруга вели дека имаат создадено голем број пријателства во Охрид што ги прави посебно среќни.

„Оваа сезона овде сме на одмор една седмица. Ни се допаѓа љубезноста на жителите на Охрид , веќе имаме стекнато познанства и пријателства, се дружиме со нив. Овде ни е најубав одморот. Не можеме да замислиме да не дојдеме во Охрид.”, вели гостинката од Холандија.

После ковид пандемијата оваа сезона туризмот се врати на старите патеки.

Изминатава туристичка сезона се уриваат рекорди во посетеност. Според статистиката бројот на странски туристи бележи пораст од 46,8 %.

„Вака брзо враќање никој не го очекуваше после ковидот, да вие ја достигнувате 2019 година, навистина е нешто што мора да се признае. А ќе речам дека и оние политики во туризмот вродија плод”, вели професорот по туризам Сашо Коруноски.

Холанѓаните се едни од најредовните и  најбројните туристи на брегот на Охридското Езеро. Десетици илјади гости од Холандија и оваа сезона  летуваа во Охрид.

Новинар Соња Рилковска