Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита
Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита. Инцидентот како што соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, се случил на 3-ти јуни, кога двајца 37 годишни охриѓани со измамa довеле во заблуда брачен пар од Скопје.
Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита. Инцидентот како што соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, се случил на 3-ти јуни, кога двајца 37 годишни охриѓани со измамa довеле во заблуда брачен пар од Скопје. Против нив СВР Охрид денеска поднесе кривични пријави за основано сомневање дека извршиле кривично дело „Разбојништво“
Осомничените минатата недела поставиле оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапиле во контакт со брачен пар од Скопје кој пројавил интерес за понуденото возило. Тие договориле средба која ја оствариле на 3-ти јуни во Охрид. Еден од пријавените ги одвел сопружниците во стан на ул. „Мирче Ацев“ под изговор дека треба да ја сочекаат неговата сопруга која наводно била излезена со возилото. Второпријавениот во меѓувреме отишол да купи инстант нес кафе и кисела вода од продавница и му ги дал на првопријавениот, па се сокрил во подрумска просторија од зградата на улицата „Мирче Ацев“.
-Пријавениот ги послужил сопружниците со инстант кафе и минерална вода . После тоа брачната двојка почувствувала зашеметеност и губење на свеста. Кога се освестил сопругот забележал дека се наоѓа на планина на место со поглед на Езеро, а до него во бесознаие лежела неговата сопруга. Тој забележал дека таа го има мобилниот телефон кај себе со кој тој се јавил и ја известил полицијата за случајот, и дека не знае каде се наоѓа, кажа Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид
Подоцна сопругот пресретнал возило на патот за Отешево и се информирал дека се на местото викано Корита. Повторно се јавил во СВР Охрид и им кажал каде се наоѓаат.
Набрзо потоа полицијата го пронашла брачнииот пар. Тие веднаш биле пренесени во општата болница во Охрид каде било констатирано дека им е дадено средство за успивање, а на телата имале видливи траги од насилство.
-Се работи за набиеници во пределот на главата, градниот кош и екстремитетите, а во општата болница се направени и други неопходни медицински прегледи за да се утврди дали се извршени и полови дејствија, односно и други насилни акти.-истакна портпаролот Димоски.
Констатирано било дека од чантата на жената биле одземени 2800,оо евра и 58.000,оо денари. Полицијата го привела првоосомничениот, но другиот осомничен е во бегство и се трага по него.
{loadposition content9}