Брачен пар изработува уникатни слики и предмети од школки
Брачен пар изработува уникатни слики и предмети од школки
Брачниот пар Гигер изработува прекарсни уметнички слики од школки со мотиви на пеперутки, ракчиња, шкорпии , делфини и лебеди. Ова се само дел од мотивите на уметничките слики и предмети кои ги изработува овој брачен пар. Ова нивно интересно хоби започнало пред 14 години на иницијатива на Бруно. Од собраните школки од летувањето на море настанала првата слика која завршила не многу успешно. Но, упорниот и трудољубив Бруно не се откажал. Со поддршка од сопругата Иванка започнале да создаваат успешни слики и предмети.
Создавањето на мотивите, согласувањето на боите и големината на школките не е лесен процес исто како и претходната обработка на школките, нагласува Бруно Гигер.
„ Додека школката дојде на сликата поминува најмалку низ рака 5 -10 пати. Кога доаѓа на сликата уште 10-15 пати од изборот за школката да се најде на правото место. “
За да се изработи една слика со димензии 50 на 90 цм се потребни од 50 до 90 часа без да се смета времето на претходната обработка на школките, кажува Иванка. Додава со жалење дека ова хоби кај нас е многу малку познато иако Охрид е туристички центар.
„ За жал Охрид како туристички град нема ваква работа. Оваа работа не може секој да ја работи. Нарачки нема затоа што не е исплатливо. На многу луѓе им се чини дека е скапа работа и не ја ценат работната рака.“
Гигерови објаснуваат дека според нивните сознанија од интернет ова нивно хоби е единствено во светот. Бруно обожува да ги работи пеперутките и делефините како мотиви, а на Иванка пак омилени и се ракчињата. Во создавањето на една уметничка слика се употребуваат голем број школи.
„ Од прилика за овој мотив со делфин без претерување се употребени од 2500 до 3000 школки, нема празнини и има една врз друга. На оваа големина од 75 на 110 цм го има тој број и има од 100 до 120 часа работа само за да се изработи делфинот.“
Гигерови од минатото лето имаат започнато изработка на мотив од школки на фасадата од семејната куќа. Нивна голема желба е да продолжат со овој проект и на ѕид да овековечат мотиви од Охрид и Швајцарија родната земја на Бруно.
{loadposition content9}