Skip to main content

Натпревар, имагинација и креативен развој

Бреин о бреин медали и трофеи за охриѓани

Највисоки награди и признанија освоија шестте охридски ученици на еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари во светот, кој се одржа на 26 ноември во Дубаи, Тимот од Центар за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид на натпреварот во Обединети Арапски Емирати, беше во конкуренција со 2000 ученици од 16земји ширум светот.
 |  инфодеск  | 
Браинобраин

Со 3 златни медали, 1 сребрен и 2 трофеи се вратија од Обединетите Арапски Емирати шесте охриѓанчиња кои ја претставуваа Македонија на годинешниот осми по ред интернационален натпревар на Бреин о бреин програмата што се одржа на 26 ноември во Дубаи. Ана Тодороска, Софија Трпоска, Давид Јанкоски, Филип Цветкоски, Наум Каневче и Стефан Настевски се генијалците кои го сочинуваа охридскиот тим подлени во две категории со завршено 8 и 10 ниво од браинобраин програмата.  Тие се задоволни од постигнатото на светскиот натпревар.

Освоив прво место на натпреварот, имам завршено десетто ниво. На тестот имаше задачи со множење, делење, собирање трицифрени броеви и собирање и одземање на децимални броеви.“, вели Софија Трпоска.

„На овој натпревар освоив прво место, трофеј. Завршив десетто ниво од програмата и за трите минути решив десет задачи. Не беше многу тежок тестот, но сепак беше потежок.“, вели Ана Тодороска

„Освоив второ место златен медал и решив девет задачи, не беа тешки и лесно се снајдов.“, вели Филип Цветкоски.

„Првпат учествував на натпреварот во Дубаи со физичко присуство, решив десет задачи од тестот. Беше многу убаво, задачите не беа многу тешки.“ вели Стефан Настески.

Програмата Бреин о бреин важи за една од најдобрите за развој на животни вештини, развој на мозочен потенцијал, визуелизација, имагинација и креативни лидерски способности. Се вративме со големи импресии и впечатоци од самото учество признанието дека високо котираме во однос на останатите центри на светско ниво, вели Валентина Кузманоска, инструктор и координатор на програмата Бреинобреин Црвен Крст Охрид.

„Учествуваме во конкуренција на 2000 натпреварувачи од 16земји. Учествуваме во делот на натпреварот на 3 минутно  решавање задачи од ментална аритметика, се вративме со многубројни награди на наше лично задоволство и задоволство на самите дечиња и родителите.“

Мотивацијата на дечињата и волјата, но и поддршката од родителите е клучна за успехот на ваквите натпреварувања, вели тренерот Билјана Николоска. Таа споделува дел од придобивките за децата од невролингвистичката програма.

„Да се работи НЛП програма со деца  каде што тие изучуваат разни вештини. Изучуваат дека секој може кога еден ќе напави нешто секој останат може да го направи тоа. Она што е најбитно тие изучуваат дека секоја личност овде е посебна и единствена и дека секогаш и понатаму во нивното живеење како животна вештина изучуваат дека за да бидат најдобри треба да се натпреваруваат секогаш сами со себе. Да не се натпреваруваат или огледуваат на тој што е до нив и дека за успех понатамошен и за подобрување на интелектуалноста  треба да се подобри  утре од она што биле вчера.“

Бреинобреин центарот при Црвен крст Охрид е прв во Македонија кој пред 12 години започна со имплементација на меѓународната едукативна програма Бреинобреин. Децата од овој центар постигнуваат во континуитет извонретни резултати со освојување на највисоките награди и признанија на Државните и Интернационалните натпревари.  Концептот браин о браин се реализира во 44 држави ширум светот и опфаќа околу 100000 ученици вклучени во интернационални рамки во самата програма.