Skip to main content

Охридските Бреинобреин генијалци уште еднаш покажаа дека се најдобри во светски рамки

Oхридските Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали на 15-от Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи. Во силна конкуренција од преку 1800 учесници од 16 земји, кои се натпреваруваа во стекнатите знаења, вештини и мултитаскинг техниките од Бреинобреин програмата, учениците од Бреинобреин центарот при Црвен крст Охрид уште еднаш покажаа дека се најдобри во светски рамки.
 |  Маја Савиќ  | 

Шест деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини при Црвен крст Охрид, се вратија со злато од 15-тиот интернационален Абакус натпревар во ментална аритметика кој се одржа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Две највисоки награди трофеи и четири златни медали освоија охридските генијалци во силна конкуренција, предводени од тренерите на БОБ центарот при Црвен Крст Охрид и бодрени од своите родители.

    -Јас сум Миа Тасеска и сум 9-то ниво, се запишав пред 5 години. Од самиот почеток голем сон ми беше да одиме во Дубаи на натпреварот и оваа година добив шанса и ми се оствари најголемиот сон.

    -Јас сум Никола Ставрески, на овој натпревар во Дубаи учествував со завршено 10-то ниво, решив 14 задачи и освоив пехар.

    -Јас се викам Јован Костоски и на овој натпревар во Дубаи освоив златен медал. Ми беше желба да дојдам до тој натпревар и да освојам златен медал.

    -Јас сум Христијан Глигороски и сум многу среќен дека освоив златен медал на 15тиот Интернационален натпревар во Дубаи.

    -Јас сум Кирил Зафировски, започнав на Бреин о бреин пред 5 години и сум многу задоволен од тоа што освоив златен медал.

    Јас се викам Сара Рилкова имам 12 год и освоив пехар.

    Децата се натпреваруваа во реашавање задачи со стекнатите знаења, вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата која Центарот при Црвен Крст Охрид ја имплементира веќе 15 години и учениците од овој центар секоја година ги освојуваат највисоките награди и признанија на државните, меѓународните и на можеби најпрестижниот од сите, натпреварот во Дубаи.

    – По четврти пат нашиот Центар учествува на овој натпревар кога во 2015 година учествувавме за прв пат, натпреварот доби интернационален карактер. Оваа година на овој 15-ти по ред интернационален натпревар учество зедоа над 1800 учесници од 16 земји од светот меѓу кои од Словенија, Швајцарија, Србија, Македонија, Грција и други, вели Валентина Кузманоска – координатор и инструктор во БОБ Центар– Црвен крст Охрид.

    – Интернационалниот натпревар во Дубаи беше прекрасно искуство за сите во тимот, за нас како наставници, инструктори-тренери, кои за учество на ваков тип на натпревар каде има учесници од сите држави а притоа носиме назад тука еден голем успех со овие наши ученици претставува голема гордост, мотив и поттик за нашата тековна и понатамошна работа во Центарот за животни вештини Бреин о Бреин, – изјави Билјана Николоска – тренер.

    Според правилникот за работа на Центарот со право на учество на вакви интернационални натпревари се стекнуваат учениците кои што ја завршиле програмата, поточно 10-то ниво, или пак ја посетуваат програмата на највисоки нивоа, 8, 9 и 10-то ниво.

    – На интернационалните натпревари учествуваат деца кои навистина максимално се вложиле во програмата, покажале завидни резултати и како некој вид награда и мотивација да истраа во следење на истата во овие завршни нивоа им се овозможува да бидат дел од овие интернационални натпревари, посочи Кузманоска.

    Билјана Николоска – тренер

    – Како дел од тимот нашите ученици беа во можност да се соочат со учесници од сите држави на многубројниот натпревар, се соочија исто така со нивната трема која ја пренасочија во една позитивна мисла за да постигнат ваков голем успех. На некој начин ја докажаа својата доследност и посветеност на програмата, рече Николоска.

    Центарот Бреинобреин при Црвен крст Охрид кој е првиот од ваков вид во Македонија и на Балканот, особено се гордее со извонредните резултати на своите иченици. Од Центарот досега излегле над 500 деца кои со стекнатите вештини како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општество.