Skip to main content

Брејн`О`Брејн програмата забавна, но и исклучително корисна за децата

Поголема самодоверба, подобрена креативност, меморија, концентрација. Листата на придобивки од Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст е долга и широка.

 |  Мишел Наумоски  | 
deca brejn o brejn
деца брејн о брејн

Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите.   Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се натпреварувале дечињата.

brain o brain„Тоа беше презентирање на суми, собирање и одземање, брзи износи до десет, броеви за седум секунди. Тука беше присутен мултитаскингот, истовремено решавање на две суми, пеење, изведување на други активности, пресметување, пресметување на двоцифрени и троцифрени броеви. Децата во овој центар на прво место ја подигнуваат својата самодоверба, ја развиваат креативноста, меморијата, концентрацијата, визуелизацијата и ред други вештини кои што не само додека го посетуваат центарот ќе бидат нивни, туку тие вештини им остануваат за цел живот.“-вели инструкторот од Брејн`О`Брејн програмата, Валентина Кузманоска.

За дечињата кои го посетуваат Брејн`О`Брејн центарот при Црвениот крст од Охрид, оваа програма и тоа како е забавна.

„Ние таму учиме да сметаме, да собираме, да одземаме и да множиме, играме игри, се натпреваруваме.“-рече Матеа Стоев, едно од дечињата учесници во програмата.

programa brejn o brejnРодителите пак велат дека јасно се гледаат позитивните промени кај нивните деца откако ја посетуваат оваа програма.

„Промени има, да. Син ми е ученик во четврто одделение и покрај обемната материја на училиште успева за многу кратко време да ги научи и совлада сите предмети. Значи му олеснува многу во брзината на совладување на предметите, концентрацијата е присутна апсолутно и се рефлектира тоа во однос на учењето и како што рече и Валентина, стекнуваат самодоверба, срамот на јавни настапи, едноставно тремата како трема ја избегнуваат и мислам дека многу влијае и дека допрва ќе се почувствуваат резултатите.“-изјави родител на едно од дечињата учесници, Билјана Попоска.

Во Брејн`О`Брејн центарот при Црвениот крст од Охрид функционираат 9 групи од прво до седмо ниво, а сега ќе започнат и со работа со осмото ниво. Инаку оваа програма во Охрид функционира веќе четири години, и охридскиот Брејн`О`Брејн центар во рамките на Црвениот крст е првиот центар од ваков вид на Балканот.

{loadposition content9}