Skip to main content

Охридските мозочиња едни од најдобрите во Македонија

На Државниот натпревар  децата  кои ја посетуваат Бреинобреин програмата покажаа одличен успех. Зад овој резултат стои стручниот тим кој посветено работи како и родителите кои ја подржуваат оваа програма.

 |  Јаковлева Лионела  | 
brejn
брејн

Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма.

Овој тим на интернационални тренери  и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и добија голем број трофеи со што нашиот центар е рангиран како еден од најдобрите франшизни центри во Македонија, вели претседателот на ЦК Сашо Точков.брејн

48-те ученици од Охрид кои се натпреваруваа имаа силна конкуренција во Скопје. На државниот натпревар учествуваа 540 ученици од Македонија, но и од Косово.

Во таа силна конкуренција успеавме да освоиме 21 трофеј во 9 категории од кои 18 златни медали и 9 сребрени медали. Не остана ниту едно дете без освоена награда во неговата категорија, вели тренерот Валентина Кузманоска.brejn

Натпреварот бил поделен во два дела. Едниот дел бил со натпреварувачки карактер а во другиот имало 15 минутна програма. Свој настап имал и охридскиот театар со преставата Свињарот.
Овие награди се и на родителите и им се зблагодарувме за подршката што ни ја даваат во изминатите шест години. Инаку нашиот центар е прв франшизен центар во Македонија. Има уште четиринаесет а во тек е отварањето на петнаесетиот, вели координаторот на програмата, Царева Рувинова.
Освен во Македонија Бреинобреин центри има и во Косово, Хрватска и Словенија. Бреинобреин е интернационална едукативна програма преку која децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Овој успех е успех за децата, но и за нас предавачите, а исто и за родителите. Со оваа програма ги учиме децата како да ја канализираат својата интелегенција и правилно да ја користат, вели тренерот Билјана Миленковска-тренер.

Инаку, десетина деца кои добија трофеи на овој државен натпревар на 7ми март ќе учествуваат на фестивалот кој ќе се одржи во Загреб.

{loadposition content9}