Брендот Бако отвори објект во Струга
Нивните производи се продаваат во седум продавници низ земјава,но и во бројни реномирани маркети. Во разновидниот асортиман брендот се издвојува со производство на чоколадирани производи со најсофистицирана опрема, а произведуваат и турски локум.
Задоволните потрошувачи му даваат поддршка на брендот Бако да се проширува. Во Струга Бако ја отвори седмата продавница, една од повеќето кои ги има во земјава, информира Алим Билали менаџер во Бако.
„Под брендот Бако увезуваме над 250 производи, кои се продаваат во голем број маркети во Македонија, како и во маркетите во охридско – струшкиот регион.Присутни сме во продавниците на Нето, Миса, Гега, Тамаро“, вели Билали.
Бако е пример за реномирен бренд, кој ја потврдува максимата дека за добриот квалитет далеку се слуша, па производите ги има и во најголемите синџир маркети низ земјава. Покрај богатиот асортиман на апетисани, актуелни семиња за здрава храна и разни делиции, во Бако произведуваат и турски локум.
„Како бренд Бако печиме јаткасти плодови, продаваме сушено овошје. Имаме најсофистицирана опрема за производство на чоколодирани лешници, бадеми, кикирики и суво грозје. Пакуваме во најразлични грамажи“, набројува Билали.
Најквалитетните производи од асортиманот на Бако се увезуваат од САД , Турција, Тунис и од земјите на Европската унија.