На 24.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.О.Г.(21) и К.К.(29), двајцата од Велика Британија, затоа што на улица „Наум Охридски” физички го нападнале Б.Н.(48) од Охрид“, велат од МВР.
Во соопштението се додава дека двајцата се задржани во СВР Охрид за понатамошна постапка.