Skip to main content

Брод Армада: Пет години услуга со пет ѕвезди на Охридското Езеро

Во 2019-та година бродот АРМАДА го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.
 |  Маја Савиќ  | 

Поминаа точно 5 години од моментот кога бродот Армада за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.

Опремен е со најнова технологија за навигација и безбедност на бродот. Има две палуби, внатрешна и надворешна, и двете дизајнирани за максимално уживање, два тоалети со бесплатен Wi-Fi за сите посетители на бродот.  Пијалоците се служат и во двата барови, а на барање има опција за служење на храна, со што задоволството и уживањето е компелтно.

-Армада има две палуби кои лесно може да се претворат во совршено место за вашите приватни забави, но и средби од секако вид како и корпоративни настани. Ќе ве пречека нашата пријателски расположена екипа и капетанот кои ќе направат да се чувствувате безбедно и удобно, додека ви се случува уште едно незаборавно искуство по Охридското Езеро, велат од тимот на бродот Армада.

Нудат дневни крстарења до манастирот Св. Наум, нивнитее познати Adventure cruise и Sunset tours, како и ноќни крстарења во периодот од јуни до септември.

Многу бури поминавме заедно, одиме понатаму…порачуваат од Армада.