Skip to main content

Бродарите изненадени од смената на Настовски

Разрешувањето на капетанот Настовски ги изнанади бродарите.

 |  Маленкова Татјана  | 
brod
брод

Охридските бродари изненадени од разрешувањето на капетанот Љупчо Настовски од функцијата раководител на капетанија на пристаништата на Македонија.  Велат дека веста за разрешувањето на Настовски ја дознале од медиумите. И покрај тоа што во минатото бродарите реагираа на лошата комуникација со капетанот и на неговото непознавање на работите, сепак денес тие велат дека во последно време работите видно се променале.

„После она што беше пред две години односите се подобруваа и станаа навистина добри во последно време во било кој план. Претпоставуваме дека увидоа дека во нив беше грешката и веднаш после тоа се подобри и комуникацијата. На бродовите сега има редовни контроли“, вели капетанот на бродот „Александрија“, Зоран Гилевски.

Настовски иако важеше за човек кој има силна позадина во структурите на владеачката партија, тој е прв kapetanija na pristanista функционер во Охрид што го зафати новиот вмроовски бран. Бродарите од новиот раководител на пристаништата не очекуваат премногу, но сметаат дека тој најпрво ќе треба да се заложи за средување на состојбите во бродарството, но и да се санираат пристаништата во Охрид и Св. Наум затоа што се поткопани.  

За потсетување за времето на раководењето на  Настевски со капетанијата се случи најголемата несреќа во Охридското езеро, кога потона бродот Илинден, а загинаа 15 бугарски туристи. Тогаш одбраната на бугарите одговорност за несреќата бараше и од Капетанијата како и од капетанот. По оваа несреќа на адреса на Настовски беа упатувани разни критики како оние дека бил нестручен, без соодветно образование.

Настовски деновиве е на службено патување во Хрватска. Неофицијално тој бил на едукација за капетан иако повеќе не е на таа позиција. Доколку оваа информација е точна која за нас ја тврди анонимен извор, тогаш тоа значи дека екс капетанот не ја ни насетувал одлуката на неговата матична партија.
Инаку истиот извор за ТВ М вели дека за оваа  примамлива фотеља во Охридската капетанија биле заинтересирани повеќе кандидати иако во Македонија мал е бројот на оние кој се стручни за да ја обавуваат оваа раководна функција.

{loadposition content9}