Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен
Бродот амбуланта на ОО ЦК ќе остане закотвен. Оваа летна сезона бродот за брзи интервенции нема да плови. Институциите на локално и државно ниво не покажаа слух да ја поддржат неговата пловидба за поголема безбедност на вода, велат од ЦК Охрид.
Бродот амбуланта на ОО ЦК за брзи интервенции нема да плови по езерските води. Пловилото ќе остане закотвено и покрај потребата за подигање на степенот на безбедност на вода. Оваа летна сезона нема да функционира тим кој ќе работи на бродот, а во состав од медецински лица, лекари, спасувачи, парамедици и капетан кој ќе управува со пловилото.Бродот амбуланта во минатото беше во функција неколку години.
„Бродот амбуланта го направи своето покажа колку на Охрид му е потребен. Наделжните не реагираа како што очекувавме. Очекуваме свеста да еволуира со што ќе стане јасно и во градот и во државата колку е битно на Охридското езеро да се има ваков пловен објект за навреме да се интервенира во одредени ситуации,“ посочува Сашо Точков прет на ОО ЦК.
Бродот амбулната покрај тимот имаше и соодветна медицинска опрема, современа опрема за комуникација за да се делува во ситуации кога факторот време е императив. Точков споредувајќи ги искуствата од европските земји укажува на потребата Охрид да има вакво пловило.Поддрша може да дадат не само политичарите туку и бизнисмените, како и луѓето кои имаат моќ да помогнат, вели Точов.
„Не мора Црвениот крст да го работи. Тие кој мислат дека е соодветен нека ангажираат. Црвен крст очекува наскоро брз глисер, донација од Германија, од соработката со Бамберг кое ќе ги направи поефикасни интервенциите“, вели Точков.
Досега, институциите на локално и државно ниво не покажаа слух да ја поддржат пловидба на бродот амбуланта за да има што поголема безбедност на вода во туристичкиот центар.