Skip to main content

Благодарници за докторките кои спасуваа животи во бродската несреќа

Охрид нема да ја заборави бродската несреќа во која загинаа 15 Бугарски туристи.

 |  Маленкова Татјана  | 
благодарница за Илинден
blagodarnica za Ilinden

Еден ден пред поменот за жртвите, градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска се сретна со двете докторки од Србија кои нештедејќи се први пристапија пружајќи им помош на повредените во бродската несреќа на 5 септември 2009 год.  Првиот човек на Охрид им врачи благодарници на д-р. Гордана Димитриќ и д-р. Жаклина Спасиќ, од Србија кои учествуваа во спасување и жртвите од бродот „Илинден“.
Д-р Димитриќ и д-р Спасиќ, се присетија на кобниот 5 ти септември кога сосема случајно во Охрид дошле на одмор. Раскажуваат дека кога се случил немилиот настанан тие  биле на друг брод кој пловел веднаш зад Илинден.
„Таа хуманост која ја пруживме и зближувањето по несреќи,  е одраз на нашиот балканскиот менталитет“, благодарница за Илинденвели Димитриќ и додава дека и по три години многу често се потсетува на она што го преживеале.


„Ние бевме на бродот кој беше зад бродот кој потона. Во еден момент кога забележав дека нешто плови во водата најпрво мислев дека се кукли или пливачи, но за жал беа тела од настраданите патници. Капатанот од нашиот брод не приближи од каде можевме повеќе да им помагаме на повредените. Помош на патниците им пружавме на бродот, а за брзо време дојде и итната медицинска помош“, вели д-р. Гордана Димитриќ.

Д-р  Спасиќ открива дека не само од Охрид признаија за она што го направиле добиле и од Бугарија и тоа државно признание одликување и благодарница, но додава дека за нив секој спасен живот е најголемо признание.

„Овој настан остави длабоки трауми врз нас, без оглед на нашата работа. Друго е кога ќе облечите бел мантил, некако сте подготвени за тоа, а друго е кога одите на одмор и одеднаш гледате таква глетка“, вели (д-р. Жаклина Спасиќ.

Градоначалникот и јавно им искажа благодарност на докторките од Србија кои веднаш им пружиле помош на туристите од Бугарија.  

„Убеден сум дека тие цел живот тој настан ќе го паметат и неможат да го заборават и при тоа го ризикуваа sredba Petreski doktorki Srbija  својот живот спасувајќи животи. Вие може да замислите што се случуваше тогаш и во каква ситуација беа ставени нашите гостинки“, вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Одбележувањето на три години од бродската несреќа ќе продолжи утре, со полагање цвеќе пред спомен обележјето на загинатите на градскиот кеј, а ќе продолжи во ресторанот Далга со средба помеѓу роднините на загинатите, претставници на бугарската амбасада и конзулат и на општина Охрид.

„Има најави од официјалните лица, бугарската амбасада и бугарскиот конзулат  од ротари клубот од Пирдоп кој заедно со ротари клубот кој помогнаа во изградбата на ова спомен одбележје. За семејствата целата организација ја оставивме на  бугарската амбасада.  Оваа година навремено испративме покана во организацијата на утрешното одбележување на денот“, вели претседател на здружение „5 ти септевмри“, Сашо Алче.

Бродската несреќа во која животите ги загубија 15 туристи од Бугарија се случи на 5 ти септември 2009 год. над кампот Елешец. По околу 7 месеци од почетокот на судењето и точно 19 месеци по трагедијата, за одговорни за најголемата бродска несреќа кај нас судот ги прогласи младиот капетан, сопственик на бродот кој управувал со Илинден  Сотир Филевски, кој доби една година затвор и претставникот на германски Лојд Бранко Бајиќ, затоа што го издал сертификатот за пловидба на бродот, Српскиот државјанин доби исто така една година затвор иако никогаш не се појави на судењето, поради што му се судеше во отсуство.


{loadposition content9}