Skip to main content

Бродскиот крш од Студенчишта зависи само од волјата на сопствениците

Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта.

 |  Валентина Неловска  | 
brod
brod

Очите на јавноста повторно се свртени кон каналот Студенчишта. Овој пат вниманието го привлекува  потонувањето на бродот Силекс кој веќе неколку години е стациониран во каналот и не е во пловна состојба. Бродот се претвара во руина и го нагрдува просторот и природниот канал на само неколку метри од Билјанини извори. Наместо да се претвори во туристичка атракција каналот станува отпад за неупотребливи бродови, се загадува и има се помалку риба, е коментарот на Радован  Димитриески, прет на СРД „ Св. Апостол Павле“. Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредува Димитриески.     
brod sileks
„ На овој канал дневно имаше и по 300 спортски риболовци кои ловеа риба, а сега се бројат на рака затоа што нема риба. Рибата се задржува само на 10 проценти од каналот. Предлагаме каналот под итно да се ревитализра, да се прекопа и осветли, да се уреди крајбрежјето. Да се забрани влегување на пловни објекти на моторен погон и во каналот да се влегува само со весла и пловила на елеткричен погон“.

Димитриески нагласува дека барале со писмени дописи од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и од Министерството за транспорт и врски, како и од Хидробиолошкиот завод  да се заштити од уништување флората и фауната во каналот. Во него со илјадници години, како дел од Студенчишкото блато, се мрестеле и презимувале разни видови на риба. Во однос на потребата за изградба марина, Димитриески предлага друга локација на езерскиот брег.

kanal„ Во никој случај не се согласуваме тука да се изгради марина. Ние предлагаме марина да се изгради кај Подмоље, во близина на аеродромот, на средина од двата града Охрид и Струга, за заеднички да ја користат“, вели Димитриески.
 
Стапивме во контакт со Охридската Капетанија,  надлежна за издавање дозволи за пловните објекти, и побаравме одговор дали ќе преземат мерки за отстранување на руинираните бродови како оној  на Силекс. Капетанот Горан Устијаноски, информира дека тие немаат правна основа да ги отстрануваат руинираните бродови. Капетанот напоменува дека подигањето на руинираните објекти  засега исклучиво зависи од добрата волја на сопствениците. Во однос на чистењето на каналот, капетанот кажа дека до крајот на месец април, ќе се исчисти само влезот во каналот кој е стеснат од наносите на тиња.  

{loadposition content9}