Skip to main content

Двојно зголемен бројот на лица заболени од овчи сипаници

Од Центарот за јавно здравје велат дека нема место за паника. Во Охрид нема епидемија од овчи сипаници

 |  Јаковлева Лионела  | 
Sturlakova
стуелакова

Во Охрид од почетикот на оваа година па до денес двојно е зголемен бројот на заболените од варичела или овчи сипаници. Од Центарот за јавно здравје велат  дека досега се регистрирани 108 пријави за ова заразно заболување. Но, од таму потенцираат дека нема место за паника. Иако бројката е висока таа се движи во границите на нормалата. Д-р Јованка Стурлакова Коровешиска вели дека зголемувањето на бројот се должи на поажурното пријавување на заболените од страна на нивните матични доктори.

Матичните доктори се повеќе ја почитуваат законската обврска и ги пријавуваат болните во  првите 24 часа од дијагностицирањето на заразното заболување, вели Стурлакова.
bolnica

Д-р Стурлакова објаснува дека ова заразно заболување најчесто се јавува во детската возраст. Бидејќи нема вакцина против овчи сипаници, а се со висок степен на заразност голем дел од населението ги има прележано. Ова заболување најчесто се јавува во зимскиот и пролетниот период и ги напаѓа децата од 4 до 10 год возраст. Има случаи кога од овчи сипаници можат да заболат и бебиња до 6 месечна возраст. Нема некои поизразени симптоми по кои може да се претпостави дека лицето е заболено од варичела се додека не излезе осипот кој личи на капки роса.

Покрај варичелата има и други видови на сипаници како што се малите сипаници или морбилите кои се поопасни бидејќи се пропратени со висока температура, главоболка, гадење, повраќање, солзење на очите односно на лицето на заразениот се јавува една плачна маска. После неколку дена од овие симптоми се јавува осипот по телото. Лицето кое е заразено е преносител на болеста неколку дена пред појавување на осипот и недела до две после тоа. За овој вид на сипаници има вакцина па затоа и процентот на лицата кои заболуваат од морбили е многу помал, а последиците се сведени на минимум. Од Центарот за јавно здравје уште еднаш апелитраат родителите редовно и навремено да ги вакцинираат своите деца.

{loadposition content9}