Skip to main content

Богојавление Водици 2023 година

Бројни интервенции, Црвен Крст на висина на задачата

Голем беше предизвикот за екипите на Црвениот крст во обезбедување при денешното положување на Светиот крст во водите на езерото. Медицинските екипи, спасителите на вода и нуркачите имаа преку 20 интевенции, што на вода, што во на копно. Успешно беше спроведена и традиционалната крводарителска акција „ Една капка може да промени се “.
 |  инфодеск  | 
Црвен Крст

Екипите на охридскиот Црвен Крст денеска беа на висина на задачата. За безбедноста на капачите и сите посетители на денешната манифестација по повод Водици се грижеа 4 тимови на Црвен крст со 12 спасители на вода, 4 медицински тимови со 20 медициниски лица за укажување прва помош кои не дозвоилија да се случи поголем инцидент.

Брановите си го направија своето се направи навистина голема гужва и за среќа помина се како што треба. Навистина беше голем предизвик за нас во делот на обезбедувањето со медицинските екипи и со спасителите на вода и со нуркачите. Преку 20 интевенции имавме што во вода што на копно. Еве веќе ги згрижуваме сите кои што се со посекотини и сите кои што премрзнале.“, кажа Сашо Точков, претседател на Црвен Крст Охрид.

Предизвикот беше дотолку поголем имајќи ги предвид лошите временски услови и силниот ветар во моментот на положување на Светиот крст во водите на Охридското езеро.

Значи голем предизвик, но драго ми е што немаше некој поголем инцидент, затоа што на вакво време како денес, со силен ветар од 15 метри во секунда или преку 60 километри на час не сме имале до сега. Температурата на водата е 9 степени на возудхот исто околу 9 степени во моментов.“, потенцира Сашо Точков.

Денеска се одржа и традиционалната крводарителска акција под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ“. Точков, информира дека се собрани 105 единици крв, што претставува 30 процентно зголемување во однос на минатогодишната акција.