Skip to main content

Бројни културни настани и манифестации  оставаат свој печат на летната сезона 2024

Охрид културна ризница на настани. Бројни културни манифестации ќе остават белег на оваа летна сезона. Целта е збогатување на туристичката понуда и афирмација на градот Охрид
 |  инфодеск  | 

„Охридски поетски бисер“, „На зајдисонце во Трпејца“, „Поетска ноќ на Велестово“, „Културата расте со децата“, се дел од манифестациите кои ја збогатуваат туристичката понуда и го афирмираат градот  Охрид. Настаните се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата.

„Поетската ноќ во Велестово“, потоа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ се манифестации кои следуваат во овој период. Добро е што се манифестации од меѓународен карактер, привлекуваат голем број љубители на пишаниот збор, меѓутоа ја збогатуваат и туристичката понуда на градот”, вели Перчо Божиноски претседател на Совет на општина Охрид.

Културните манифестации ги промовираат и помалите туристички места, ова лето традиционално се одржуваат „На зајдисонце во Трпејца“ и „Културно лето во Пештани“.

„На зајди сонце во Трпејца“ уште една културна манифестации кога сме веќе кај неа тука е и манифестацијата „Културно лето во Пештани“, така што овој период навистина ни следат убави манифестации вклучувајќи ја и таа во Трпејца каде ќе има изложба, музички дел, поетски дел со цел да се почуствува и самото место Трпејца. Целта на овие манифестации е како што реков негување на самата култура која е белег на еден град, на еден народ, на една држава и всушност на самите места каде се одржуваат а така промоворајки ги местата секако ќе се одрази на бројот на туристи”, додава Божиноски.

Со детски хепенинг од неколку интересни настани, вечерва на плоштадот „Вангел Наумовски” продолжува програмата на Општина Охрид  „За сите деца”, под мотото „Културата расте со децата”. На отворениот простор, присутните ќе можат да ја погледнат изложбата на фотографии „Низ детските очи” од охридската сликарска школа „Пробај уметност”.

Во рамки на Детскиот хепенинг ќе се одржи четвртото издание на музичко-сценската манифестација „Малите К-2 ѕвездички”.

Новинар Соња Рилковска