Skip to main content

Меѓународен натпревар

Бројни млади музичари на Охридски бисери

Музичари од 17 европски земји ќе настапуваат во катедрлнаат црква Св Софија. Се натпреваруваат музичари по пијано , виолина и камерна музика во состав од двата инструменти.
 |  Валентина Неловска  | 
Охридски бисери

Меѓународниот музички натпревар „Охридски бисери“ привлече бројни млади музичари и оваа година. Музичари од 17 европски земји ќе настапуваат во катедрлната црква Св Софија.

Се натпреваруваат музичари по пијано, виолина и камерна музика во состав од двата инструменти. Талентираните музичари се на различна возрст од 9 години до студенти на Академија. Меѓународната жири Комисија е во состав од врвни музичари кои ќе одлучуваат за изборот на најдобрите тројца музичари.

Пијанистот Александар Сердар, професор на Белградската академија за уметност и музика и Љубљанската академија за музика, е по трет пат член на жири комисијата на „Охридски бисери“.

„Имам впечаток дека музичкото ниво на натпреварувачите се зголемува. Доаѓаат млади пијанисти од различни земји, станува интернационален и му дава побогат карактер на самиот натпревар.Повремено има дилеми кога ќе дојдат многу добри музичари. Во некои етапи имавме неколкумина врвни музичари и тогаш се дилемите и доаѓа до помалку различни мислења. Но, во принцип квалитетот и професионалноста кај ваквите натпревари е јасен и тоа преовладува“, смета Александар Сердар.

Меѓунардниот музички натпревар „Охридски бисери“ е најквалитетниот музички натпревар во класична музика тука и пошироко, а од организацискиот одбор на натпреварот се горди што две децении ги исполнуваат строгите критеруими за членство во Асоцијацијата на меѓунраодни натпревари, што пак придонесува за напредок и натпреварот и учество на младите музичари кои една година се натпрвеаруваат во дувачки инструменти, а следната година во пијано, виолина и камерна музика.

„Непроценливо е искуството за младите музичари со учеството на натпреварот. Прво заради привилегијаат да се музицира во Св. Софија . Можноста да се остварат контакти со врвни уметници кои се членови на жири Комисијата. Она што го разликува Охридски бисери е вредноста на наградите за музичарите. Добитникот на Гран при добива награда во вреднсот од 3000 евра, вториот од 2000, а третиот од 1000 евра“, вели Викица Костоска Пенева, музиколог и член на организацискиот одбор на натпреварот.

Македонската виолинистка Софија Никоска е една од победничките на Гран-при наградата во 2008 година. Денес, Никовска е член на Меѓунардната жири Комисија, концертен виолинист, професор по виолина на Музичкиот факултет во Штип.

Инаку, меѓунардниот музички натпревар „Охридски бисери“ е член на Меѓународната асоцијација на Европската унија на натпреварите за класична музика.

Утревечер, ќе одржат концерт осумте најдобри музичари, а настапот е со почеток во 20 часот во Св Софија. Влезот за посетителите е слободен.