Со финансии од општина Охрид два пати масечно се прават стерилизации на бедомните кучиња во градот. Но и покрај тоа бројот на бездомни животни расте. Главниот виновник е човекот, неодоговрно сопственишто исфрлување на нови легла по улиците. Активистите велат немоќни се да се борат против оваа појава. Итно е потребна изградба на стационар, поголема контрола и спроведување на законот.
Треба да се следи примерот на европските земји, изградба на стационари, масовна стерилизација и казни за неодговорните сопственици.
„ Нема стационар во Охрид, нема во регионот има единствено во Скопје што не може да го реши нашиот проблем. Тоа се прави на општинско ниво општо за градот има активности од страна на општината се стерилизираат, се прават акции два пати во месецот во соработка со ветеринарната амбуланта Зебра од Демир Хисар но пак ќе речам тоа не го решава проблемот затоа што ќе се решат десет кучиња но десет пати нови повеќе че најдеме. Исто така се носат кучиња од други градови, тоа се прави ноќе и тоа едноставно не може да се конторлира. Потребна е коориднирана акција на опшѓтинско државно ниво, ако се почне тој проблем ке се реши”, вели Маја Ковачевска.
Мора да расте свеста за грижата за бездомните животни. Потребна е силна кампања децата од мали нозе да учат хумано да се однесуваат кон животните.
„ Треба да се почне од семејството да се пренесува на децата. Љубовта кон животните се се јавува кога си мал. Не може одеднаш, за да се реши овој проблем треба да се спроведуваат законите кои ги има се напишани. И тоа да профункционира кога ќе има казни тогаш секој ке се замисли дали кучето ке го пушти на улица.“ – вели Ковачевска.
Активистите од Охрид самостојно изминативе две години успеаа да вдомат над 200 кучиња од Охрид во европските земји.
Новинар Соња Рилковска