Skip to main content

Бројот на регистрирани станоиздавачи е во нагорна линија во општина Охрид

Регистрирани се нови станоиздавачи и во пандемската 2020 година, а се очекуваат нови барања и годинава. Охридската Локална самоуправа најавува субвенции за повеќе туристички гранки.

 |  Валентина Неловска  | 

Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти.

„Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се категоризираат со стандард и конфорт, со 1 или 2 ѕвездички. Поголем дел па дури над 80 посто се со категорија комфорт, со високо квалитетно сместување“.

Во моментов нивниот број е нешто повеќе од 3000. Тенденција на раст на бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем има и во пандемската 2020 година, а се очекуваат нови барања и оваа сезона. Охридската Локална самоуправа најавува субвенции за повеќе туристички гранки.

„Согласно Г2 Програмата за поддршка и развој на туризмот на општина Охрид за 2021 година е планирано да се субвенционираат приватните станоиздавачи , туристичките водичи, селскиот туризам и водниот превоз. Во тек е подготовка на Правилници, наскоро ќе се стават пред советниците и ќе бидат објавени на општинската веб страна“

Во 2020 година општина Охрид инкасирала над 10 милиони денари од туристичка такса. Државата одобри поврат за уплатената туристичката такса за физичките и правни лица регистрирани станоиздавачи како помош на туристичкиот сектор погоден од пандемијата со ковид 19.