Брошура – Отчет на досега сработеното
Брошурата Отчет за работата на градоанчалникот и Локалната Самоуправа на Охрид во неколку илјади примероци деновиве ќе биде дистрибуирана до граѓаните. Денес и официјално градоначалникот Никола Бакрачески го презентира отчетот.
Презентирана отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески. 72 наслови и 100 активности на 50 страни, содржи печатеното издание на отчетот за дел од активностите и дел од реализираните проекти на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во периодот април-декември 2013 година. Во отчетот се нотирани деловите од функционирањето на Локалната Самоуправа кои се значајни за инфраструктурните, организациските и јавните дејности во општината кои согласно законските дејности ги извршува Локалната самоуправа, истакна првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески.
„Продолжувајќи го транспарентното, одговорно и отчетно работење кое го практикуваме од првиот ден на мандатот, наша обврска е до граѓаните на Охрид, од кои го црпиме легитимитетот да ги запознаеме со работата и реализираните проекти во општина Охрид, во периодот од преземањето на функцијата градоначалник на општина Охрид. Ваквиот начин на презентација на активностите на општината е само еден сегмент од секојдневното информирање на граѓаните преку другите форми на достапност до информации за работа на градоначалникот и општинските служби.“
Градоначалникот Бакрачески нагласи дека најголемиот број од проектите кои се застапени во брошурата се дел од програмата која ја ветиле на граѓаните на Охрид. Додаде дека во брошурата имало дополнителни активности кои не биле во застапени во програмата, а биле реализирани како основна потреба за Охрид и граѓаните.
„Брошурата е поделена во неколку поглавја во зависност од областа на активност на Локалната Самоуправа. Сите реализирани активности и проекти наведени во овој отчет се поставени на законски основи ги задоволуваат сите законски норми и процедури и претставуваат целосно финансиски и правно покриена активност. Во оваа брошура наведени се информации за трансферираните финансиски средства за реализација на активностите но и за отплата на 45 милиони денари за сервисирање на старите долгови кон повеќе доверители и уште толку кон ЈП како заостанат долг од минатото“.
Отчетот за дел од активностите и дел од реализираните проекти на градоначлникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во периодот април-декември 2013, е отпечатена во неколку илјади примероци и истата ќе биде дистрибуирана до граѓаните на општина Охрид.
{loadposition content9}