Брзата помош се почесто интервенира на повици од малолетници во алкохолизирана состојба
Лекарите апелираат родителите да водат поголема контрола врз своите малолетни деца. Повикуваат возачите да почитуваат каде паркираат на влезот и излезот пред нивната установа,а на улица да дадат предност на нивните возила кои секојдневно брзаат да спасат нечиј загрозен живот во ризична ситуација.
По околу 30 интервенции на терен во текот на 24 часа имаат во просек лекарите од охридската Итна медицинска помош. Дополнително имаат амбулантни интервенции, вели д-р Љупка Николоска, раководител на службата. И оваа летна сезона брзата помош се соочува со бројни интервеници, како што се давање помош на хроничните болни, сообраќајни несреќи, транспорт на болни во Скопје. Но, посебно се загрижени за зачестените интервенции кај малолетици во алкохолизирана состојба, посочува д-р Љупка Николоска, раководител на ИМП.
„Во однос на малолетниците апелирам до родителите да имаат контрола и грижа врз нив. Многу често среќаваме алкохолизрани малолетници со повреди и учесници во тепачки“.
Д-р Николоска повикува на улица возачите да даваат предност на нивните возила со ротоција. Принудени се иако не сакаат да ги користат сирените, но секојдевно брзаат да спасат нечиј загрозен живот во ризична ситуација. Лекарите повикуваат до возачите да внимаваат каде ги паркираат возилата и да не им го попречуваат влезот и излезот на амбулантните возила пред установата.
„Неколку пати интервенирав, деновиве се направи поголема гужва. На овој паркинг никој не наплаќа и се сите го користат, не ние слободен влезот и излезот на возилата. Интервенирав во сообраќајната полиција, но залудно. Луѓето треба да бидат посовесни дека брзата помош е за да се спаси нечиј живот на нашите блиски, пријатели, граѓани едноставно за сите нас“.
Во службата за ИМП има 5 тимови од 10 лекари и медицински персонал кои интервенираат со 6 возила. На високите летни температури во услови на пандемија со Ковид 19 работат под целосна заштитна опрема , а скоро и да нема ден, по некогаш и по неколку пати во денот, да транспортираат потешко болни лица на лекување во клиниките во Скопје.