Skip to main content

Бучавост, девастација на зелениот појас и сообраќаен метеж

Ниту граѓаните, ниту невладините организации од сферата на екологијата, незаинтересирани за јавната расправа по Извештајот за влијанието на животната средина за стариот дел на градот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pece Mirceski
Пеце Мирчески

Бучавоста, девастацијата на зелениот појас и сообраќајниот метеж, проблеми со најмногу препораки во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за стариот дел на градот.
Истиот, иако речиси еден месец беше изложен во Општината и беше достапен за граѓаните и еколошките друштва од градов, сепак на денешната јавна расправа, интересот за него, нула. Бучавоста очигледно на жителите од стариот дел на градот им смета само во лето, па тогаш и реагираат.
Инаку, стратегиската оцена за животна средина за овој плански опфат, опфаќа околу 43 хектари на централното градско подрачје, а покрај сите останати влијанија и мерки предвидени внатре, ја третира и бучавата.

јавна расправа„ Бучавата постои во моментот во Охрид, меѓутоа има некои мерки предвидени внатре конкретно, кои инвеститорите треба да ги преземат за да се тоа понатаму заштити. Како засадување на заштитни зелени појаси во рамките на парцелите, понатаму во градбата да се коиристат материјали кои штитат од бучава, тоа се генерално мерките кои се предвидуваат, зошто сепак се работи за едно урбанизирано подрачје, кое е во рамките на генералниот урбанистички план“, објаснува Пеце Мирчески експерт за стратегиска оцена за животна средина.

Уште еден голем проблем претставува и девастацијата на зелениот појас од овој простор поради зголемената урбанизација. Мирчески објаснува дека во стратегиската оценка стои мерката, во делот на градбата инвеститорот е должен уништеното зеленило да го обнови, односно да обнови околу 20-30% од уништениот зелен појас. Деценискиот проблем со сообраќајот, загадувањето од него и бучавоста која тој ја предизвикува се уште еден од проблемите опфатени со оваа стратегиска оценка.

„Во нашиве влијанија и мерки препорачани во оваа стратегиска оцена, имаме предвидено колку е можно да се намали сообраќајот во градското подрачје, бидејќи сепак претставува подрачје кое најмногу го користат туристите не само граѓаните кои живеат во Охрид“ потенцира Мирчески.

Во оваа стратегиска оцена само се предвидуваат и мерките кои треба да се почитуваат во понатамошните фази, како во делот на основните проекти, така и во делот на изградбата. Меѓутоа, следењето колку истите се почитуваат останува да биде работа на инспекциските служби.

{loadposition content9}