Skip to main content

Ренџерите и полицијата будно ја следат состојбата во НП Галичица

Ренџерите и полицијата деноноќно  ја следат состојбата во НП Галичица. Со порастот на температурите се зголемува опасноста од шумски пожари. Надлежните велат годинава се поподготвени за справување со пожари на отворено.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Ренџерите  дежураат,  будно ја следат состојбата во НП Галичица. Со порастот на температурите се повеќе демне опасноста од појава на шумски пожари. Оваа сезона поподготвени, на готовс се 120 обучени волонтери, а зајакнати се и патролите на граничната и шумската полиција,.

Набавена е нова  опрема, исчистени се шумските патишта за пристап.

– Првично пет луѓе од единицата за брза интервенција да интервенира и осатанатите десет луѓе доколку дојде до нешто пгоолемо. Ова е од суштинско значење бидејки ако не вршиме патроли, превенција набавка имаме на амортизираната опрема се тоа е доста значајно да не одвлекуваме воздухоплови ресурси кои ќе бидат попотребни во наредните месеци, вели Ѓуро Јовчески

Во селата распослани во НП Галичица живеат 5900 жители има 18 месни заедници, кои се активно вклучени во заштитата.

– Тие пожари од стрништа и други работи полека се намалуваат бидејки населението во рамките на паркот е многу свесно и немаме намерни потпалувања, немаме некои диверзии напротив доколку нешто забележат веднаш се јавуваат, вели Јовчески.

На сила е ограничување за движење во паркот, посетителите може да се рекреираат само со дозвола, но според експертите  потребно е зајакнување и  на казнените мерки за потпалувачите на пожари.

Минатата година речиси еден месец беснееше огнената стихија во Стара Галичица на македобско албанската граница.

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и експлозиите од гранати  лани не дозволија брза локализација на пожарот.

Новинар Соња Рилковска