На 19.10.2022 во 11:00 часот во трговски центар „Амам” на булеварот ,,Македонски Просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.
При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје. Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид – информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.