Skip to main content

Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси

Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси кои неправилно се паркираат. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Од СВР велат дека го имаат детектирано овој проблем, па затоа сообраќајната полиција ќе биде поприсутна на овој потег.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започна туристичката сезона, а со тоа започнаа и старите проблеми. Повторно колони од по неколку туристички автобуси  деновиве можат да се забележат паркирани на коловознаите лент булеварот „Туристичка“. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Откога се направи кружниот тек во близина на Охридска банка, токму на овој потег се постави пешачкиот премин по кој пешаците минуваат на другата страна од улицата. Поради неправилно паркираните автобуси тие немаат прегледност и можат да настрадаат од возилата кои се движат на кружниот тек. Проблем имаат и оние кои тука чекаат градски превоз бидејќи на ова место е поставена и автобуската постојка.


Ние го имаме детектирано овој проблем, па затоа сообраќајната полиција ќе биде поприсутна на овој потег за да го елиминира неправилното паркирање на автобусите. Посебно метеж се создава во летниот период, па не смее да се толерира ваквата појава. Доколку се повторува прекршокот ќе следуваат и соодветни санкции, вели Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.


Оваа слика со туристичките автобуси е редовен декор на булеварот за време на летните месеци, но и новогодишните и божиќните празници, за Водици и Велигден, за што ТВМ во повеќе наврати има пишувано. Од СВР велат дека имаат одредена толеранција за туристичките автобуси, но само во случаи кога кратко ќе застанат колку да се истоварат патниците, а не и да се паркираат.


За туристичките автобуси има предвидено паркинг на улицата „АСНОМ“ во непосредна близина на Билјанини Извори, односно кај населбата Охридати. Но, и покрај тоа, дел од туристите не сакаат да бидат истоварени подалеку од централното градско подрачје, па полесно им е да прават прекршок, отколку да попешачат малку, вели Димоски.


Инаку, согасно одлуката на Советот на општина Охрид за регулирање на режимот на сообраќај, точно се дефинирани насоките на движење на автобусите и нивното паркирање. Во централното градско подрачје, посебно на  ул. „Македонски просветители“ улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“, или дел од улицата „Јане Сандански“ не може да се овозможи безбедно движење и паркирање на овој тип превозни средст