Skip to main content

Булеварот Железничка ќе зазелени

Хортикултурна инвазија, есенва, се највува врз бројни парковски површини во градот. 

 |  Валентина Неловска  | 
cveten plostad
cveten plostad

 Хортикултурна инвазија, есенва, се највува врз бројни парковски површини во градот.  Со полна пареа продолжува оплеменувањето на парковите низ градот, кејот и зелениот појас на Булевар Туристичка. Директорот на ЈП „Охридски  Комуналец“, Сашо Алче најавува дека и  Железничка наскоро ќе зазелени иако нема вграден систем за наводнување.
sistem za navodnuvanje„ Системот за наводнување ќе се вгради како и на Туристичка, за потоа по поставувањето на системот од страна на службите на Проаква. Потоа, настапуваме ние. Откако ќе завшиме со оформување на парковските површини од канлот Билјанини извори до Парк, ќе го уредиме и зелениот појас на Булевар Железничка.“

За  да се скратат трошоците за наводнување на хортикултурните растенија, деновиве Комуналец распипша тендер за истражување на техничка вода на потегот кај клучката на влезот во Охрид, на просторот на патот Охрид – Горица и за расадникот. Водата која се користи за наводнување на  некои делови е преработена и скапа, а заради киселоста не влијае добро врз растенијата, вели Алче. За заштеда на водата ЈП постави околу 2000 метри спреј ситем за наводнување набавени на тендер. Системите за наводнување се поставени на булевар Туристичка од Мини маркет до спортскиот центар и во градскиот парк до Објектив.
„Хортикултурно уредување без систем за наводнување  е невозможно. Тоа бара  поголема работна сила за одржување, а ние со соработниците констатиравме дека  е многу подобро да се постави распрскувачки систем со кој ќе се намалат средствата за ангажирање на работната сила и техника“, вели Алче.
Oд Комуналец најавуваат и хортикултурно уредување на парковските површини од каналот Билјанини извори до дискотеката Парк, потоа  паркот кај кружниот тек кај болницата, како и засадување на саден материјал од lounge бар Објектив до хотел Гарден.

  {loadposition content9}