Skip to main content

Климент Довлев од населбата Кошишта го фати бурето со црвено вино

Денешниот ден донесе  радост за Климент Довлев од населбата Кошишта кој го фати бурето со црвено вино. И оваа година на денот на рибарите голем број охриѓани беа присутни на пристаништето за да го проследат фрлањето на бурињата настан кој прераснува во традиција.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ribarite
рибарите

Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно беше полно со црвено вино, а оној кој го фати ова буре, доби Божји благослов и дарови од здружението „Богојавление“.
Оние кои скокаа по бурињата, најпрво запалија свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатија на пристаниште. Денешниот ден донесе  радост за Климент Довлев од населбата Кошишта.денот на рибарите

Скокам веќе четврти пат по бурето со вино и еве годинава ми се посреки. Сега виното ќе го поделам со другарите и заедно ќе го пиеме и ќе славиме, рече најсреќниот меѓу фаќачите на бурињата со воно.

Оние кои ќе ги фатат бурињата со вино ги добиваат  за нив, да си се почестат, а оној што ќе го фати бурето со црвено вино, добива реплика на крстот со кој што се осветуваше езерската вода. Пред неколку години се добиваше и златник со симболите на здружението „Богојавление“, но оваа година златникот изостана.
Присутните на овој настан ги поздрави и градoначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој рече дека сите уживале во деновите кога се слават охридските традиции.

Сакам да ви го честитам големиот христијански празник Свети Јован – Крстител и посакувам да бидете сите благословени од бога и нека вашите срца се исполнат со добра мисла, позитивна енергија, господ нека ви даде здравје вам и на вашите семејства и посакувам оваа година да биде плодназа вас и за градот Охрид, рече градоначалникот.

И ова година на денот на рибарите голем број охриѓани беа присутни да го проследат фрлањето на бурињата настан кој прераснува во традиција.

{loadposition content9}