Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион
Градоначалниците од Југозападниот планскиот регион се состанаа во Охрид.
Бурна расправа на Советот на Југозападниот плански регион. Од предвидените 14 точки од дневниот ред најмногу прашина се крена за права точка „Предлог одлука за избор на раководител на центарот за развој на Југозападниот плански регион“. Дел од градоначалниците сметаа дека оваа точка не е валидна и дека треба конкурсот кој е распишан да се поништи и да се распише нов. Претседателот на Југозападниот плански регион, струшкиот градоначалник Зијадин Села, во име на оние кои бараа поништување на конкурсот го образложува нивниот став.
„Направени се некои состаноци, со потписи од една третина од градоначалници по што изгласана е одлука да се објави конкурс само со пет гласови. Сите совети на регионите за рамномерен развој предвидуваа само гласање со двотретинско мнозинство. Нашиот реон има само девет членови и како таква секоја општина мора да помине со минимум шест гласови. Целта зошто го бараме тоа е заради принцип да воспоставиме принципи за да не ставаме лоши претседатели. Еден преседан е направен од истата раководителка што јас немам против да биде истата пак“, вели градоначаникот на Струга Зијадин Села.
Села додава дека со овие предлози сака да укаже дека мора советот на Југозападниот плански регион да работи консензуално, а не со потписи.Тој додава дека се работи за принцип и дека траба да се почитуваат законите. Што се однесува до соработката со досегашниот раководител, Села вели дека била добра.
„Соработката е во ред, неме никаков проблем. А тоа што рековте дека може да се повлечат многу пари дека има многу проекти не е така. Така постои во законот, така пишува. За 2014 предвидено е за Планските региони да е се поделат 8 милиони евра. Поделено на осум плански тегиони тоа е по 1 милион евра, поделено на девет колку што имаме ние имаме по 100 и нешто илјади евра. Само ќе напишиме документација и нема да видиме конкретни проекти. Време е да се почитува тоа во законот. А тоа се прави незаконски. Кога имаш закон дека еден посто од Бруто Домашниот Просивод треба да се додели, министерот и владата немаат друго решение туку да го доделат тоа. А не да се фалиме пред ЕУ дека имаме закон за рамномерен регион, а да не го почитуваме тоа“, вели претседателот на југозапдниот плански регион.
Села додава дека доколку некоја година нема доволно средства, според него или треба да се промени законот, или да има одлука на владата дека поради економска криза средствата се намалуваат.„ А ваква одлука ниту има, ниту се почитува законот“, тврди градоначалчникот на Струга и претседател на Југозапдниот плански регион.
Села смета дека регионите функционираат само заради формалност, а може да работат многу подобро.
Југозападниот плански регион е еден од осумте во рамките на Република Македонија, и во него влегуваат 9-те општини: Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа.Југозападниот плански регион своите перспективи за понатамошен развој ги гледа во унапредување на класичниот туризам и развивање на алтернативните форми, како што се зимскиот, здравствениот, манастирскиот, бањскиот и агро туризмот. Имајќи го во вид фактот дека целиот регион е еколошки чист, големи потенцијали постојат за производство на органска храна.
{loadposition content9}